b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_04_popopo.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја продолжија победничката низа во прволигашката конкуренција и очигледно дека ќе ја завршат сезоната без загубен бод. Избраниците на Александар Зарков славеа на гостувањето кај Скопје со убедливи 18-53 (8-25), а победникот беше познат уште по гостинското водство со 8-0.

До паузата беше +17, а второто полувреме беше непознато само уште колку гола ќе постигнат битолчаните во скопската мрежа.

Во победничкиот состав, само голманите не се запишаа во листата на стрелци, а најмногу голови даде Ненад Белистојаноски – десет, а девет пати стрелаше Бојан Гичев.

Ракомет
Прва лига 2024/25
Плеј-оф - четврто коло

Скопје 2020 - Еурофарм Пелистер 2 18-53 (8-15)

Спортска сала „ФФОСЗ“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Драган Начевски и Матеј Николов

Скопје 2020:
Кочовски, Батунков, Стоев, Јанев 3, Антиќ 2, Рангелов, Пешовски, Гиевски, Николовски 6, М. Димитровски, Ѓорѓиевски 1, Домика, Наумоски, Кочески 6
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Марковски 3, Наумоски 5, Митревски 3, И. Димитровски 1, Калајџиовски 4, Пецаковски 1, Славков 5, Гичев 9, Димовски 6, Белистојановски 10, Југовски 3, Дрогришки 3
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути

Следниот викенд се играат натпреварите од Купот на Македонија, а Еурофарм Пелистер 2 е домаќин на четвртфиналната група.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723