b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_04_soosptenie.jpg

Почитувани

Имајќи ја во предвид негативната атмосфера која во изминатиот период неоправдано се наметнува над македонската ракометна Суперлига, а која е потикната од изјавите и реакциите на официјалните претставници на РК Алкалоид, во име на РК Еурофарм Пелистер како клуб кој крајно необјективно е инволвиран во целокупната приказна би сакале да ја известиме јавноста за следното:
РК Еурофарм Пелистер не се согласува со начинот на комуникација и обвинувањата на високи претставници на РК Алкалоид поврзани со натпреварот Еурофарм Пелистер - Алкалоид, одигран на 24 февруари оваа година. Тој дуел заврши со резултат 33-20 и по истиот немаше никакви реакции на организацијата и критериумот на делење на правдата. Четириесет дена подоцна ја сметаме за несериозна и необјективна изјавата на нашите спортски ривали дека до победата, РК Еурофарм Пелистер стигнал со судиска помош и неизедначен критериум. Во оваа прилика би сакале да напоменеме, дека натпреварите се јавни, достапни се за анализа. Натпреварот го водеа судии кои имаат висок интегритет и квалитет во светски рамки, кои ги имаат судено сите ракометни светски, европски и олимписки финалиња и кои ги имаат добиено сите најпрестижни почести и награди во судиско ракометниот свет. Дополнително, на овој натпревар делегат и контролор беа исто така реномирани професионалци со огромен рејтинг во светски рамки и искуство позади себе. Оценките на сите инволвирани стручни лица беа крајно позитивни и без никакви забелешки.

Посебно не изненади фактот што името на нашиот клуб се искористи и со некоректна цел да се направи непринципиелен притисок пред дерби натпревар на кој ние не настапуваме. Во тој момент, не испративме никаква реакција, исклучиво заради интересите на македонскиот ракомет. Впрочем, ние како клуб не сме реагирале и во ситуации кога повеќе од очигледно сме имале тенденциозно негативно судење. Но, денес кога сме сведоци дека темата повторно се актуализира од тие кои и ја наметнаа, најенергично би сакале да апелираме ваквата неубава и неспортска практика да престане, да покажеме заеднички доверба во системот и да не вршиме вештачки притисок врз официјалните лица и новоизбраното раководство на РФМ, затоа што сето тоа е крајно спротивно на интересите на македонскиот ракомет.

РК Еурофарм Пелистер секогаш се залага победникот да се решава на терен и на сите актери да им се овозможи професионално да си ја завршат својата работа.

Спортски поздрав

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723