Екипата на Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и славеше сигурно на гостувањето кај Бутел Скопје со 22-34 (9-15) во рамки на четвртото коло на плеј-офот во македонскиот ракометен шампионат. Битолчани немаа милост за противникот и првото полувреме го добија со 15-9. Во вториот дел Еурофарм Пелистер продолжи да го полни голот на Бутел до конечна победа од 34-22.
Најефикасен на мечот беше Дејан Манасков со шест голови. Единствена лоша вест за Раул Алонсо е поведата на Цветан Кузманоски на средината од вториот дел.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Плеј-оф - четврто коло
Бутел Скопје - Еурофарм Пелистер 22-34 (9-16)
Спортска сала „Ангел Димитров“ - Скопје
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски
Бутел Скопје:
Блажевски, Субашевски 3, Тодески 1, Георгиевски, Николов 6, Стојаноски, Спасовски, Т. Узунчев 1, Д. Узунчев 5, Милошески, Киселовски 1, Каевски, Николовски, Михајловиќ 4, Шопиќ, Давитковски 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков 6, Ристевски 2, Кузманоски 2, Тајник 3, Борзаш 3, Радивојевиќ 3, Кузмановски 2, Костески 2, Абутовиќ, Пешевски 3, Хосни 3, Пав. Атанасијевиќ 2, Мамдух 3
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути
Во следното петто коло од плеј-офот Еурофарм Пелистер го пречекува Вардар 1961 во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.