b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_04_manaskov_alkaloid.jpg

Еурофарм Пелистер се врати на првото место во ракометниот плејоф, откако вечерва во возбудлив и интересен натпревар го доби дербито со Алкалоид Ракомет. Триумфот од 30-28 значи дека битолчани остануваат главни претенденти за највисок пласман и оваа сезона, но од друга страна, Алкалоид го претрпе и вториот пораз во третото коло од разигрувањето, што прави работите за избраниците на Кирил Лазаров да бидат доста посложени.

Младиот Алкалоид денес беше далеку поконкурентен и беше во егал ситуација во најголем дел од мечот, но на крајот пресуди искуството на домаќините, како и огромната поддршка која ја добиваа играчите во зелено од своите навивачи.

Еурофарм Пелистер победи со два разлика и останува перфектен на стартот на плејофот, па сега има вкупно девет бодови, еден повеќе од второпласираниот Вардар. Најдобар стрелец кај домашниот тим беше Филип Кузмановски со осум гола, а седум додаде Богдан Радивојевиќ. Клучна улога во победата играше голманот Филип Ивиќ кој забележа пет интервенции во клучните моменти. Кај Алкалоид, Мартин Серафимов имаше девет постигнати гола.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф - трето коло

Еурофарм Пелистер - Алкалоид Ракомет 30-28 (18-15)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.500
Судии: Ѓорѓи Колевски и Сашо Кркачев

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков 4, Ристевски, Кузманоски 2, Тајник 1, Борзаш 1, Радивојевиќ 7, Кузмановски 8, Костески, Абутовиќ, Пешевски 2, Хосни 1, Хаџиќ 1, Пав. Атанасијевиќ 2, Мамдух 1
Седмерци: 11/8
Исклучувања: 10 минути

Алкалоид Ракомет:
Кизиќ, Галевски, Џонов 2, Маркоски 2, Младеновиќ, Серафимов 9, Карасманакис 1, Стојковиќ 3, Ѓорѓиев 3, Велковски, Ивановски 1, Бинго 1, Франциско 3, Петковски 3, Д: Митев, Савревски
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 14 минути

Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер гостува во Скопје кај Бутел Скопје.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723