Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го официјализирашe трансферот на поранешниот долгогодишен македонски репрезентативец Дејан Манасков. Левото крилосо големо искуство од настапи во Германија и Унгарија пристигна во Битола и се запозна со клупските челници, стручниот штаб и новите соиграчи.
Неговото презиме предизвикува емоција кај армијата наши навивачи. Манасков пак ќе постигнува голови во дресот на Пелистер! Задоволство ни е што по децении и децении уште еден Манасков е наш член.
РК Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Под водство на стручниот штаб и тренерот Бранислав Ангеловски ракометарите го одработија првиот тренинг. Девет репрезентативци од нашиот клуб се дел од Европското првенство, а Калифа Гедбан се подготвува за Африканскиот Куп на нации.
Суперигашот Еурофарм Пелистер 2 повторно е во тренажен процес. Тренерот на екипата Михаил Петровски денес официјално прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“, со што се означи почеток на пролетната полусезона од шампионатот 2023/24.
РК Еурофарм Пелистер ќе биде репрезентиран со девет ракометари на Европското првенство Германија. Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски и Ненад Костески во дресот на македонската репрезентација, Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ во дресот на српскиот национален тим и Урбан Лесјак и Нејц Цехте како дел од словенечката селекција ќе го претставуваат нашиот клуб на големата сцена.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од денес улогата на тренер во нашиот тим целосно му е доверена на Бранислав Ангеловски, така да повеќе нема да ја извршува улогата на привремен, туку на перманентен предводник на екипата. Тој се обврза на договор до крајот на сезоната и утре од 16:00 часот ќе одржи прозивка за вториот дел од сезоната.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister