Средниот бек Божидар Илиески е нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2. Битолчани го промовираа прилепчанецот како нивен играч, а тој ќе има одново шанса да соработува со Бранислав Ангеловски. Илиески е ракометар кој добро ја познава работата на Ангеловски, бидејќи двајцата претходно беа дел од ракометната приказна во Мукти Есенс.
Еурофарм Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер. Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му пристапуваме максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот тренер. За предводник на Еурофарм Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е именуван Бранко Ангеловски.
Новата ракометна сезона 2026/27 во македонската Суперлига ќе започне на крајот на летото, а веќе е позна календарот за целата сезона. Во првото коло двата битолски клуба, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 гостуваат.
Мозаикот за сезоната 2026/27 го комплетираме со доведување на уште еден среден бек. Нов член на Еурофарм Пелистер е Алекса Колаковиќ, кој се обврза на договор на една сезона, со опција за уште една. Се работи за 28-годишен српски репрезентативец, роден во Подгорица, кој доаѓа во Битола од францускиот ракомет.
Еурофарм Пелистер ја заврши најважниата задача пред стартот на новата сезона, откако обезбеди продолжување на соработката со капитенот Филип Кузмановски.
Македонскиот репрезентативец ќе остане дел од битолскиот клуб и во наредната сезона. Кузмановски донесе одлука да остане во Битола и да продолжи да го предводи тимот како капитен.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е младиот хрватски репрезентативец Диего Басанесе. Овој 18-годишен кадетски и младински репрезентативец на Хрватска игра на позицијата десен бек и доаѓа со одлични препораки од хрватската ракометна критика.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 10, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 06, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 04, 2026 by RK Eurofarm Pelister