Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се надминаа себеси, беа борбени, енергични, до последните секунди во игра, но загубија од Алкалоид на домашен терен со 27-31 (10-11).
Младите битолчани немаа сила за чудо и се задоволија со достоен пораз од 27-31. Алкалоид најчесто водеше со 1-2 разлика, а кога домаќинот се враќаше, чудните судиски одлуки пресудија. Поискусната екипа од Скопје ги искористи последните моменти и Галевски на голот и бековите ги донесоа бодовите во Скопје.
ристијан Симоновски постигна девет гола и беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Второ коло
Еурофарм Пелистер 2 - Алкалоид 27-31 (10-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.500
Судии: Иван Илиевски и Александар Шуковски
Еурофарм Пелистер 2:
M. Фехми, Младенов, Димевски 7, Лозановски 1, Стојков 2, Митревски 2, Шулевски 2, Лазаревски, Илиески 2, Дамчевски, Ј. Симоновски 1, Славков, Крстевски, Дрогришки 1, Ѓорѓиевски, К, Симоновски 9
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути
Алкалоид:
Кизиќ, Галевски, Џонов 1, Тордарсон 3, Сухолежник, Стојковиќ 2, М. Митев 6, Ѓорѓиев 4, Велковски, Цехте 3, Костески 5, Петковски 1, Д. Митев, Борзаш 2, Аларов 2, Борозан 2
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути
Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 гостува во Скопје кај Мулти Есенс.






