ЕХФ ги делегираше кипарските судии Јоргос Панајидис и Маркос Андреу за натпреварот од шестото коло од групната фаза на ЕХФ Купот меѓу Татабања од Унгарија и македонскиот претставник Еурофарм Работник. Делегат на ЕХФ е Владимир Јовиќ од Босна и Херцеговина.
На состанокот на пет клубови учесници во плеј-офот од Суперлигата, договорени се термините за заостанатите или поместени натпревари на Вардар и Еурофарм Работник во рамките на европските натпреварувања. Дуелот од второто коло меѓу Металург и Еурофарм Работник ќе се одигра на 4 април во салата „Автокоманда“.
Еурофарм Работник загуби во групната фаза на ЕХФ Купот, овој пат на свој терен, во Битола од Хановер со 17-29. Бундеслигашот имаше и највисоки 14 голови разлика, на крајот Работник успеа само да дојде до пораз од 12 гола.
Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник денес со прес-конференција го најави последниот домашен натпревар од групната фаза. В недела во Битола гостува бундеслигашот Хановер, а за натпреварот говореа тренерот и голманот на екипата.
Почитувани претставници на медиумите,
РК Еурофарм Работник ве информира дека отворена е можноста за апликации за акредитации за претстојниот натпревар од четвртото коло од Б групата на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Хановер, кој ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола на ден 24.03.2019 година со почеток од 19:00 часот.
Денес во просториите на РФМ, се одржa извлекувањето на натпреварувачките броеви за продолжение на сезоната во машка конкуренција (плеј-оф и леј-aут).
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 17, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 16, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister