Филинген Берген – Еурофарм Работник 36-28 (15-16)
Со два порази во осминафиналето на Челинџ Купот, Еурофарм Работник е елиминиран од европските купови од норвешкиот Филинген Берген.
Ракометарите на Еурофарм Работник се подготвени за утрешниот осминафинален натпревар од Челинџ Купот. Откако вчера пристигнаа во Норвешка, ракометарите и тренерот Темелковски денес го одработија последниот тренинг. За разлика од првиот натпревар, Михајло Петровски се враќа во екипата и ќе дебитира за битолчани.
По првиот натпревар од осминафиналето на Челинџ Купот, Филинген Берген го совлада Еурофарм Работник со 22-25 и стекна предност пред возвратниот натпревар.
РК Еурофарм Работник со прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Челинџ Купот против Филинген Берген од Норвешка. На средбата со новинарите разговараа неколку ракометари и тренерот Илија Темелковски.
РК Еурофарм Работник е спремен да испише историја во европските купови. Младиот клуб прв пат презими во Европа, а сега сака пласман во четвртфиналето на Челинџ Купот. Тренерот Илија Темелковски денес ги собра ракометарите на видео следење на противникот Филинген Берген. Искусниот стручњак веднаш потоа пренесе како играат Норвежаните.
Европската куќа на ракометот ги одреди судиите за осминафиналниот натпревар од Челинџ Купот меѓу македонскиот претставник Еурофарм Работник и норвешкиот тим Филинген Берген.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 10, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister