Четврт натпревар и четврта пролетна победа на ракометарите на Еурофарм Работник во Суперлигата. Пред екипата на Илија Темелковски поткелкнаа младите ракометари на Вардар Јуниор, кои загубија со седум разлика од поквалитетниот противник. Скоро сите ракометари кои добија шанса се запишаа во листата на стрелците.
Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Пелистер во првото градско дерби во 2018 година, откако во убав амбиент се радуваа со 22-25.
Втор натпревар и втора победа на Еурофарм Работник во пролетниот дел од Суперлигата. На убедлив начин ракометарите на Илија Темелковски го совлада гостинот од Прилеп, а одлично дебитираше Горан Кузманоски со два гола.
По пролетниот старт и победата над Борец, РК Еурофарм Работник двапати ќе игра во Битола оваа недела. Во рамките од 16. коло в среда од 17.00 часот следува дуелот со РК Прилеп во спортската сала „Младост“ во Битола, а в сабота следи и битолското дерби против Пелистер.
Борец – Еурофарм Работник 21-27 (7-16)
Ракометарите на Еурофарм Работник со победа се враќаат од Велес, откако го совладаа домашниот Борец со шест голови разлика. Сите 60 минути битолчани водеа и не дозволија велешани да направат изненадување.
РК Еурофарм Работник го официјализира потписот на Горан Кузманоски. Поранешниот репрезентативец потпиша договор до крајот на сезоната и за неколку дена ќе им се приклучи на новите клупски другари. Своето деби Кузманоски го очекува следната недела.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 10, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister