b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_09_euro_butel.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 приредија изненадување во Суперлигата откако во второто коло на домашен терен го совладаа фаворизираниот тим на Бутел Скопје со 30-27. Момците на Александар Јовиќ и без Стоилевски и Иван Димитровски го надиграа петтопласираниот тим од минатиот шампионат и ги запишаа првите бодови оваа сезона.

Во изедначен дуел, одлуката падна на почетокот од вториот дел.К адетските репрезентатативци Павле Атанасијевиќ и Емилијан Ѓоргоски и во 42. минута пелистерци поведоа со 24-20. Следеше серија на грешки на момците на Јовиќ, Бутел постигна четири неодговорени гола и на 24-24 домашниот стручен штаб повика минута одмор. Павле Атанасијевиќ ги презеде работите во свои раце и домаќинот поведе со +2 на шест минути до крајот. Предноста беше доволна за финиш без драма, па момците на Јовиќ запишаа зчачајна победа од 30-27.

Ракомет – Суперлига (второ коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 30-27 (17-15)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 800
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)

Еурофарм Пелистер 2:
Ристевски, Трајкоски, Кузманоски 6, Петкоски, Пав. Атанасијевиќ 7, В. Димитровски 1, Митревски, Мирчевски, Петровиќ 2, Димитриоски 2, Талевски, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорѓоски 4, Ѓукиќ 6, Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 6 минути

Бутел Скопје:
Андреевски, Чаневски, Младеновски, Стојановски, Ѓеорѓиевски 1, Митев, Бој. Спасовски, Мојсоски 10, Бој. Спасовски, Блажевски, Јефтиќ 4, Василевски, Мајиќ 5, Тот 5, Давитковски, Пуљизовиќ 2
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 10 минути

За време на викендот се игра третото коло, а Еурофарм Пелистер 2 в недела гостува кај Металург во Автокоманда.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723