b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_09_241549453_531510208222158_1677199782318329124_n.jpg

РК Еурофарм Пелистер ги известува јавноста и фановите дека билетите за натпреварот Еурофарм Пелистер - Еурофарм Пелистер 2 (четврток 17:-00 часот) ќе бидат бесплатни. Заради технички проблеми на платформата, билетите на првиот натпревар нема да се наплаќаат. Сите кои веќе се обиделе, добиле билети без наплата.

Сепак, процедурата на купување мора да се испочитува. Потребна е регистрација на веб страницата www.kartieurofarm.mk и со потврда за добиениот билет и потврда за вакцинален сертификат да ги подигнете од билетарницата на спортската сала до почетокот на натпреварот.

Можност за подигнување на билети имаат фановите со:
- вакцинален сертификат
- потврда за примена најмалку прва вакцина
- потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин

Вратите на спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе бидат отворени на еден час пред почетокот на натпреварот и ги замолуваме присутните порано да дојдат на натпреварот и да ги заземат своите места најдоцна до 16:30 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723