Екипата која собра најмногу симпатии оваа Суперлигата сигурно е битолски Еурофарм Пелистер 2. Самата победа над Вардар 1961 во Битола, двете победи над Пролет, двете над Металург кажуваат дека момците на Јовиќ созреаја за големи дела. Павле Атанасијевиќ е презадоволен од оствареното во полусезоната која викендов заврши.
Вторпат оваа сезона Еурофарм Пелистер 2 забележа победа во пелагониското дерби против Прилеп. Победата од 34-26 заокружува одлична мини-серија од три победи по ред за крај на полусезоната. Тренерот Јовиќ е задоволен од сработеното, што е дури и подобрување за разлика од минатата есен.
Само три екипи имаа резултатски поуспешна есен од Еурофарм Пелистер 2. Иако екипата го менуваше ликот и за разлика од минатата сезона остана без Јован Талевски, Дрогришки, Бардаковски, сепак одлично се екипираше и со начинот на игра ги освои сите ракометни симпатии. „Експлодираа“ браќата Атанасијевиќ, Кузманоски, Ѓоргоски, а полн погодок беа и инвестициите во искусните Трајкоски, Ѓукиќ, Димитриоски...
Ракомет – Суперлига (16. коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 34-26 (18-13)
Со уште една одлична партија и трета победа по ред, Еурофарм Пелистер 2 ја заврши првата полусезона во Суперлигата на четвртото место, со само еден бод помалку од третопласираниот Бутел Скопје. Пелагониското дерби од 16. коло мина во знакот на помладиот ривал. Момците на Јовиќ одиграа моќен крај на првото и почетокот на второто полувреме, кога предноста од подносливи 3-4 гола порасна на високи 7-8. Ѓорговски беше расположен, а свои моменти имаа и браќата Атанасијевиќ и искусниот голман Благојче Трајкоски.
Со натпреварот во Радовиш официјално заврши полусезоната за Еурофарм Пелистер. Со повеќе од успешна есен битолскиот клуб ќе презими на делба на првото место во Суперлигата, како второпласиран во групата Д на ЕХФ Лига Европа и со освоен Суперкуп на Македонија.
Ракомет – Суперлига (16. коло)
Радовиш – Еурофарм Пелистер 25-34 (12-19)
Само два дена по натпреварот против Вардар 1961 во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија во победнички колосек и го совладаа Радовиш со 25-34. Дуелот во СРЦ „25 мај“ беше неизвесен само десет минути. Потоа се разигра Костески, одбраната на битолчани лесни се справи со домаќините и до одмор се одлепи на +7.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 24, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister