Втор пласман во плеј-офот по ред би бил идеално сценарио за младиот тим на Еурофарм Пелистер 2. Александар Јовиќ смета дека работата уште не е завршена, но младите ракометари од Битола се на добар пат.
По вчерашниот старт на подготовки, тренерот Жељко Бабиќ и средниот бек Марио Танкоски зборуваа пред новинарите. По тринеделната пауза двајцата изразија задоволство што пак се заедно и што подготвуваат успешен втор дел на сезоната.
Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 од Битола денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната 2021/22. Александар Јовиќ попладнево прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од неговиот стандарден ростер недостигаат репрезентативците Трајкоски и Кузманоски.
Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Жељко Бабиќ го одржа првиот тренинг, на кој присуствуваа ракометарите кои не се дел од Европското првенство.
Претседателот на РК Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев ќе им подари оригинален подарок на младите ракометари од школата на клубот. Имено, претседателот се одлучи на младите ракометари од клубот да им ја подари автобиографската книга на македонската легенда Кирил Лазаров - „Секогаш на победа“. Подарокот е потпишан специјално за пригодата од авторот.
Се сеќавате ли на плишаните мечиња кои долетаа на парткетот во спортската сала „Боро Чурлевски“ на полувремето натпреварот против Вардар 1961?
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 24, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister