Малку француски ракометари настапува во македонскиот ракомет, а левиот бек Руди Сери е првиот кој ќе го обелеч дресот на Еурофарм Пелистер. Тој официјално беше претставен пред медиумите и говореше на својата презентација.
Руди Сери (Франција) – лев бек
02.04.1994 во Париз, Франција
2011-2017 - Селестад
2018-2020 - Бидасоа Ирум
2020-2022 - Сесон Рен
2022- Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2024)
Руди Сери
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола.
За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите.
Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил.