Кон средината на август традиционално ќе се игра Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Оваа година тоа ќе биде и јубилејно педесетто издание.
На турнирот учеството го потврдија: Еурофарм Пелистер, Струга, Алкалоид, Вардар 1961 и Бутел од Македонија додека од странство ќе настапат: Целје Пивоварна Лашко. АЕК Атина и Татран Прешов.
Почетокот на турнирот е закажан за на 16 август во 17:00 часот, прв натпревар кој ќе се одигра ќе биде дуелот помеѓу Струга и Еурофарм Пелистер. Следните групни натпревари на Еурофарм Пелистер се закажани за 18 и 19 август.