Организаторот на меѓународниот ракометен турнир во Струга ги објави учесниците на овогодинешното издание.
Во групата А е Еурофарм Пелистер кој ќе игра заедно со Струга, АЕК Атина и Татран Прешов. Вардар кој е бранител на трофејот е во групата Б заедно со екипите на Целје Пивоварна Лашко, Бутел Скопје и Алкалоид.
Турнирот се игра од 16 до 20 август на ракометното игралиште во Струга.