Со максимално извршување на предвидената агенда на тренерот Ларс Валтер и неговиот стручен штаб, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги приведуваат кон крај базичните припреми во Маврово. Пет дена по ред пелистерци работат неколку тренинг сесии дневно, во комбинација на отворено и во сала. По утрешниот утрински тренинг тимот се враќа во Битола.
Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Прекрасно е тука во Маврово, но за жал немаме многу време да уживаме во погледот тука. Работиме многу напорно и задоволен сум со сите детали. Дури е и подобро од очекуваното. Имаме добра група на луѓе, работиме напорно секој ден и задоволен сум од сработеното.
Играме помалку и ракомет на два гола секојдневно и можам да видам како напредуваме секојдевно и тоа ме прави среќен. Без разлика што ни следува мора да бидеме спремни за предизвиците во август. Ќе бидеме спремни!
Мирко Радовиќ
(капитен на Еурофарм Пелистер)
Голема чест ми е што сум избран за капитен на Еурофарм Пелистер. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на соиграчите, навивачите и управата. Што се однесува до екипата, нова е и полека ги склопуваме „коцките“. Кратко сме заедно и се обидува што можеме да постигнеме. Напорно тренираме и даваме максимум засега.
Секој тим е посебна приказна. Оваа година е уште „млада“, момците само што стигнаа, исто така и тренерот. Се обидуваме што е можно побрзо да се прилагодиме. Немаме премногу време за тоа. Се трудиме секој ден фокусот да е на максимум и да даваме сè од себе. Со тоа што побрзо да го прифатиме системот на тренерот и новите играчи да се имплементираат во него. Како домаќини ние ќе дадеме сè од себе да им помогнеме.