Ракометарите на Еурофарм Пелистер обезбедија ново финале на педесеттото издание на Меѓународниот струшки турнир, откако со 27-26 го совлада грчкиот тим на АЕК Атина. Иако на паузата имаа негатива од 12-16, во вториот дел играчите на Ларс Валтер направија целосен пресврт.
Македонскиот вицешампион го освои првото место во својата група и во финалната пресметка ќе го предизвика Целје Пивоварна Лашко од Словенија в сабота од 21.15 часот.
Струшки ракометен турнир – 2022
А група
AEK Aтина – Еурофарм Пелистер 26-27 (16-12)
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Кузманоски, Маџовски, Сери, Кукуловски, Ѓорговски, Дејвис, Пав. Атанасијевиќ, Танковски, Пешевски, Васиљев, Петровиќ, Хосни, Радовиќ, Костески