Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа го отворија јубилејниот педесетти турнир во Струга. Заради временските услови натпреварот против домаќинот, во рамките на првото коло во групата А, се одигра во салата „Нико Нестор“. За екипата на Ларс Валтер дебитираа сите новајлии.
Пелистерци почесто имаа предност, на моменти со +5 и без драма го приведоа натпреварот кон крај. Струга демонстрираше силен отпор. Во вториот натпревар од првото коло во оваа група играат АЕК Атина и Татран Прешов.
Одличен натпревар за екипата на Ларс Валтер одиграа Марио Танковски и Жарко Пешевски.
Утре е слободен ден за Еурофарм Пелистер, а во рамките на второто коло в четврток следи дуел против Татран Прешов (19:15 часот).
Ракомет
Струшки ракометен турнир – 2022
А група
Струга – Еурофарм Пелистер 23-27 (12-13)
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Кузманоски, Маџовски, Сери, Кукуловски, Ѓорговски, Дејвис, Пав. Атанасијевиќ, Танковски, Пешевски, Васиљев, Петровиќ, Хосни, Радовиќ, Костески