Стандарниот македонски репрезентативец Жарко Пешевски по четири години во странство се врати во Македонија се обврза на тригодишен договор со Еурофарм Пелистер. Тој денес првпат позираше во клупските обележја и зборуваше пред медиумите.
Жарко Пешевски – кружен напаѓач
11.04.11991 – Скопје
2013-2018 – Металург Скопје
2018-2019 – Мотор Запорожје
2019-2022 - Штутгарт
2022 – Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2025)
Стандарден репрезентативец на Македонија
Шампион и освојувач на Купот на Украина со Мотор Запорожје
Жарко Пешевски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Искрено, задоволен сум како минаа базичните припреми во Маврово. Се работеше на високо ниво, минимум три-четири тренинзи на ден. Потоа се вративме во Битола, каде нивото на тренинг се намали. Работиме повеќе на тактичко-техничкиот дел, а трчањето е веќе зад нас. Се спремаме за педесеттиот јубилеен турнир во Струга, каде што ќе има многу квалитетни екипи и тоа е идеална шанса да се претставиме во најдобро светло пред двата важни дуели.
Екипата од минатата сезона ја напуштија десеттина ракометари, дојдоа 7-8 новајлии. Повеќе сме спринтерски ориентирани, има многу трчање, нема време за измени. Секој го дава својот максимум, па дури и јас се враќам и играм одбрана, па ако има шанса се менувам. Работиме на високо ниво, имаме одлично темпо и ќе создаваме проблеми на скеој противник.
Бев спремен да дојдам во Битола, ме подготвуваа на тоа. Но, не верував на гласини и на приказни, морав сам да се уверам. Секој битолчанец, и тој што има шанса да дојде во салата, а и тој што не доаѓа, спремен е да нè бодри и желен е да го види Еурофарм Пелистер во најдобро издание.