Жарко Пешевски е избран за најкорисен играч (МВП) на педесетто јубилејно издание на турнирот во Струга. Новото засилување на битолчани покажа најконстантна форма на турнирот и заслужено го доби признанието. Три од четирите трофеи што се доделија ги добија битолчани.
Голманот Урбан Лесјак е најдобар голман на турнирот и со тоа потврди дека уште еден бундеслигашки трансфер и тоа како може да им се исплати на пелистерци.
Еурофарм Пелистер со 7-6 триумфираше во финалето против Целје, откако беше решено да не се доигра натпреварот бидејќи се лизгаше теренот. Турнирот го врати интернационалниот карактер по две ковид-години и целосно ги оправда очекувањата.