Ракометната федерација на Македонија им најави на клубови учесници во првиот дел на Суперлигата дека овој викенд ќе продолжат натпреварите прекинати пред две недели. Сепак, најнапред треба да бидат тестирани сите екипи, а потоа и да се одиграатт заостанатите натпревари.
Еурофарм Пелистер 2 треба да го надополни домашниот натпревар со Прилеп, одложен непосредно пред одигрувањето.
Заостанати натпревари од група Б:
Металург – Работнички
Младост – Металург
Бутел – Металург
Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп
Со две победи и три порази екипата на Александар Јовиќ се наоѓа на средината на табелата со реални шанси за пласман во разигрувањето.