Тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ повторно го има целиот ростер на располагање. Откако беа детектирани неколку позитивни случаи на корона вирус, ракометарите го минаа периодот на изолација и се враќаат во тренажен процес. Оние асимптоматски случаи тренираа во своите домови, со насоки на стручниот и медицинскиот тим, а сега ќе бидат дел од групата.
Еурофарм Пелистер 2 секојдневно тренира во спортската сала „Боро Чурлевски“, чекајќи вести за продолжување на сезоната во Суперлигата. Пред одложувањето младата екипа на Јовиќ собра две победи и четири порази и треба да го одигра заостанатиот натпревар против Прилеп.
Ракометарите, стручниот и медицинскиот тим повторно ќе бидат тестирани по информацијата за продолжување на шампионатот.