Европската куќа на ракометот ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло на групната фаза на Лига Европа.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен во рамките од третото коло на групата Д ќе го водат руските судии Николај Володков и Евгениј Зотин, додека делегат ќе биде Камер Металари од Македонија.
Натпреварот е предвиден да се игра во Битола на 17 ноември во 18:45 часот, но постои шанса и да биде одложен.
Еурофарм Пелистер побара одложување заради повеќе случаи на позитивни ракометари на коронавирус, по враќањето од Данска пред две недели. ЕХФ уште не се изјаснила околу барањето на македонскиот претставник.