ЕХФ ги одреди шеширите за утрешната ждрепка за групната фаза во Лига Европа. Еурофарм Пелистер е дел од третиот шешир и не може да се сретне со Татран Прешов, Чеховски Медведи и Бешикташ. Ждрепката ќе биде полудирегирана, а, а истата ќе се одржи утре во Виена, со почеток во 11:00 часот.
Прв шешир: Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања
Втор шешир: Висла Плок, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Алингсас
Трет шешир: Еурофарм Пелистер, Чеховски Медведи, Татран Прешов, Бешикташ
Четврти шешир: Тулуз, Монпеље, Фуксе Берлин, Рајн Некар Левен
Петти шешир: Фиверс, Нексе Нашице, ГОГ Гудме, Спортинг Лисабон
Шести шешир: Металург, Тримо Требње, Кристианстад, ЦСКА Москва
Покрај Еурофарм Пелистер, Македонија во Лига Европа ќе ја претставува и Металург.