Новата сезона во СЕХА лигата ќе биде со десет екипи, а, мечевите ќе почнат од 10. октомври. Стартот на новата сезона од СЕХА лигата е пролонгиран за речиси еден месец од првичните планови. Наместо на 12 септември, лигата ќе почне на 10. октомври.
Лигата ќе брои десет клубва кои ќе бидат поделени во две групи. Во ова издание ќе ги нема ЦСКА Москва и Пекинг Универзитет.
Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Б против Веспрем, ППД Загреб, Мешков Брест и Металопластика. Во групата А се Вардар Татран Прешов, Војводина, Мотор и Нексе Нашице.