Долго очекуваниот почеток на разигрувањето на Суперлигата донесе допадлив натпревар во Битола. Во знакот на феноменалните Чаневски и Периќ, Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Струга на Наум Танески со 28-18 (14-9). Иако гостите играа мотивирано и на моменти креативно, сепак квалитетот на екипата на Жељко Бабиќ дојде до избраз.
Ракомет – Суперлига – плеј-оф (прво коло)
Еурофарм Пелистер – Струга 28-18 (14-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски
Еурофарм Пелистер:
Трајковски, Чаневски, Мараш 2, Маркоски 3, Ојлески, Кузманоски 1, Мандалиниќ 3, Радовиќ 2, Танкоски, Периќ 8, Костески 2, Кукоски, Петровски, Велковскиц 1, Граџан 5, Џукиќ 1
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути
Струга:
Затаракоски, Јовановски, Маркоски, Крстаноски, Савески, Рајатовски, Лакичевиќ 2, Јанкуловски, Димитријески 1, Николиќ 5, Илиевски, Костовски, Ракочија 7, Симоноски 2, Пајкоски 1, Цветаноски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути
Во второто коло на 20 март, Еурофарм Пелистер го пречекува Бутел во Битола.