Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со пораз го почнаа плеј-офот на Суперлигата. Екипата на Александар Јовиќ загуби од Вардар 1961 во Скопје, иако голем дел од натпреварот парираше против поквалитетниот противник.
Суперлига – Плеј-оф (прво коло)
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2 34-30 (17-14)
Спортска сала: Јане Сандански – Скопје
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев
Вардар 1961:
Ристовски, Кизиќ, Шеваљевиќ 3, Валчик 2, Стоилов 1, Димитриоски 8, Георгиевски 11, Карапалевски 2, Дисингер, Гаџа, Чупиќ, Талевски 3, Дибиров 2, Векиќ 2
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Пав. Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 2, Митревски, Петровиќ 7, Јовановски, И. Димитровски, С. Талевски 2, Стоилевски 4, Пет. Атанасијевиќ 2, Белистојановски, Дрогришки 6, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 8 минути
Најефикасен во победничкиот табор беше Гоце Георгиевски кој постигна единаесет погодоци, а добра партија пружи и Димитар Димитриоски со осум гола. Кај Еурофарм Пелистер 2, седум постигна Пвле Петровиќ, додека шест пати реализира Стефан Дрогришки.
На 21 март во второто коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Тинекс Пролет.