Битолски Еурофарм Пелистер утре против Металопластика на готсински терен ги продолжува обврските во регионалната СЕХА лига. Репрезентативниот бек на тимот од Битола, Дејан Кукуловски вели дека иако немаа многу време за подготовка одат на победа во Шабац.
„Добро се чувствувам, се враќам од повредата. Малку поспоро одеше враќањето, но не е нешто сериозно и ќе бидам спремен за следните натпревари.
Немавме многу време да се спремаме за Металопластика, но одиме во Шабац по победа. Нема да биде лесно, Металопластика е одлична екипа, но се спремаме колку што имаме време и тоа е тоа. Добро сме спремни, се враќаме во ритам, се враќаат репрезентативците. Ние играме на секој натпревар на победа, па што биде нека биде“, вели ресенчанецот.
Натпреварот меѓу Металопластика и Еурофарм Пелистер се игра утре во 17:00 часот во Шабац.