b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_09_alplaa.jpg

Еурофарм Пелистер 2 - Алпла Хард 24-27 (12-14)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 доживеа уште еден пораз од Алпла Хард и со тоа го заврши настапот во квалификациите за Европската лига на ЕХФ.

Минатата седмица австрискиот претставник славеше на свој терен со 24-21, додека пак вечерва во Битола одново беше подобар за три гола и тоа со резултат 27-24. Фаворитот ги доби двете полувремиња, првото со 14-12, второто со 13-12. Битолчани одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 3-0, но трите технички грешки во нападот беа казнети со три гола од страна на противникот и израмнување на 3-3.

Потоа следеа минути во кои се играше гол за гол, а првото водство за австрискиот тим беше 7-8. Во финишот на првиот дел, Алпла Хард со серија од четири гола поведе со 11-14, но на пауза се замина од минус два за Еурофарм Пелистер по голот на Белистојановски.

Во вториот дел избраниците на тренерот Александар Јовиќ постојано ја бркаа предноста на противникот, но не успеаја во ниту еден момент да израмнат. Дилемите околу победниот беа решени со серијата од 0-4 на противникот кој од 17-18 отиде на плус пет (17-22) и лесно го приведе натпреварот кон крај.

Белистојаноски беше најдобар стрелец со шест гола, додека Петар Атанасијевиќ постигна четири погодоци.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723