Од минатата недела Јосип Периќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Босанскиот репрезентативец кој настапува на позицијата среден бек потпиша двегодишен договор со битолскиот клуб. Доаѓа од германски Гепингем и ќе ја зголеми босанската група ракометари во Битола.
Битолски Еурофарм Пелистер од денес е побогат за уште еден ракометар. Нов член на клубот е босанскиот интернационалец Јосип Периќ, репрезентативец на својата земја и среден бек со искуство од Бундеслигата. 27-годишниот Периќ доаѓа во Битола од бундеслигашот Гепинген и потпиша двегодишен договор со македонскиот вицешампион.
Откако минатата недела потпиша со македонскиот репрезентативец Марио Танковски, РК Еурофарм Пелистер денес ја продолжи соработката со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Невен Стјепановиќ. Овој ракометар потпиша договор со важност до 2021 година и најмалку уште една сезона ќе игра во спортската сала „Боро Чурлевски“. Искусниот бек пристигна во Битола од Спортинг и минатата сезона беше важен дел од екипата се до повредата против Мешков Брест во СЕХА Гаспром лигата.
Младиот перспективен Марио Танкоски од вчера е нов играч на Еурофарм Пелистер. Танкоски е роден во Струга, има 21 година, игра централен бек и важи за еден од најперспективните играчи во нашата земја.
Македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер денес го претстави првото засилување за сезоната 2020/21. Нов член на битолскиот суперлигаш е 21-годишниот репрезентативец на Македонија, Марио Танковски. Средниот бек денес пристигна во клупските простории во Битола, потпиша тригодишен договор и клубот го официјализираше трансферот.
Почитувани
Во време на големата светска пандемија од коронавирусот и сите предизвици кои ги носи борбата против ковид 19, менаџментот и вработените во ЕУРО-ФАРМ секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со кризата на територија на Република Северна Македонија.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister