b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_04_bozo.jpg

По елиминацијата од Магдебург во Лигата на Европа и поразот од Вардар во домашниот шампионат, битолскиот Еурофарм Пелистер попладнево загуби и на гостувањето во СЕХА лигата кај словачкиот Татран Прешов со 32-28. На прес-конференција по натпреварот своите впечатоци ги споделија тренерот Мојсов и капитенот Чаневски.

Божидар Мојсов
(тренер на Еурофарм Пелистер)

  • Денес бевме малку несреќни во некои ситуации. Без разлика на поразот, имам чувство дека го дадовме максимумот. Татран во вториот дел го покажа својот квалитет и карактер. Нам ни преостанува последниот натпревар во групата против ППД Загреб.

Градимир Чаневски
(капитен на Еурофарм Пелистер)

  • Во овој момент ни недостигаат неколку ракометари, а се чувствува и замор од одиграните натпревари минатиот месец. Сега треба да се фокусираме и да се подготвиме за она што нè чека пролетва.

Утре пелистерци се враќаат во нашата земја и ќе почнат да го подготвуваат натпреварот од четвртото коло на плеј-офот на Суперлигата против Пролет в среда во Битола.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723