Повеќе...

В петок напладне ќе бидат извлечени паровите за следната сезона од ракометната Суперлига. Во домашниот шампионат најсилното друштво во сезоната 2020/21 ќе брои 16 екипи, но меѓу нив нема да бидат Вардар и Еурофарм Пелистер, кои ќе ја прескокнат првата фаза од првенството, поради настапите во СЕХА Лигата.

Повеќе...

Александар Јовиќ како нов предводник на Еурофарм Пелистер 2 попладнево го одржа првиот собир со играчите. Јовиќ ја одржа првата прозивка на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола, поради протоколите за безбедност и спречување на ширењето на коронавирусот.

Повеќе...

Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Металург 2 и Металург, Александар Јовиќ денес беше претставен како нов предводник на Еурофарм Пелистер 2. Младиот тренер денес беше претставен во Битола и веднаш се зафати за работа, бидејќи попладнево ќе прозива како старт на подготовките на суперлигашoт. Во стручниот штаб на Јовиќ ќе работат Зарко и Атанасовски кои и минатата година беа дел од тренерскиот тим.

Повеќе...

Ракометните клубови конечно го добија проколот за тренинзи во сала, кој се чекаше подолго време и ќе можат да ги направат плановите за старт на нетипичните подготовки. Голем дел од нив веќе тренираат на отворено, а дел од нив го одложија стартот. Препораките се тренажниот процес во сала да биде поделен во три фази: инвидуален тренинг, работа во помали групи и колективен тренинг.

Повеќе...

Европската ракометна федерација ги одреди правилата пред ждрепката за квалификациите за Лига Европа во сезоната 2020/21.
Македонија ќе има три претставника во ова натпреварување, а само Еурофарм Пелистер директно ќе се најде во групната фаза. Таква повластена улога ќе имаат уште Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.

Повеќе...

Репрезентативниот кружен напаѓач, Филип Арсеновски е најново засилување на Еурофарм Пелистер 2 за следната сезона. Ракометарот кој беше дел од младинската селекција на Мундијалот во 2017 година потпиша четиригодишен договор со клубот од Битола.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723