b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_04_TATRAN_PRESOV_-_EUROFARM_PELISTER_1.jpg

Татран Прешов - Еурофарм Пелистер 32-28 (16-14)

Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај тимот на Татран Прешов со 32-28, но поради победата на домашен терен против истиот ривал со дванаесет гола разлика веќе го обезбедија најмалку второто место во групaта. Во зависност од дуелот со ППД Загреб во Битола ми гостувањето на Хрватите во Словачка, ќе се знае позицијата и противникот на битолчани во четвртфиналето.

Словаците имаа контрола во текот на впрвото полувреме, кога најчесто водеа со 3-4 голови разлика, а на полувремето резултатот гласеше 16-14. Битолчани на средина од второто полувреме дојдоа до израмнување 22-22, но тоа беше и последниот нивни обид да дојдат до позитивен резултат. Татран брзо се врати во предност, па дури и дојде до +4 и знаеше како да ја одржи предноста до крајот за конечни 32-28.

За македонскиот претставник десет погодоци беа дело на Периќ, а седум запиша Мандалиниќ. На спротивната страна по седум голови имаа Рабек и Пачеко, а по четири Сантош, Речичар и Хернандез. На табелата во групата А води ППД Загреб со девет бодови, колку што има и Еурофарм Пелистер на втората позиција, но со натпревар повеќе. Следуваат Татран Прешов со шест)и Металопластика со три бода.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723