Истражувањата и проценките покажуваат дека помалку од 40% од возачите користат сигурносен појас. Тој процент е уште помал кога станува збор за сопатници на предното седиште кои користат појас. Бројот на патници на задното седиште кои користат појас е приближно еднаков на нула. За споредба само, стапката на користење сигурносен појас на предните седишта во земјите од Европската унија е околу 90%, а на задните седишта од 60% до 70% и Европската унија ова го смета за „сериозен проблем“.
Екипата на Еурофарм Пелистер пред себе го има најважниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона. Во Битола гостува тимот на Нексе Нашице, во рамките од реванш-дуелот од осминафиналната фаза на СЕХА лигата. На денешната прес-конференција пред новинарите зборуваа тренерот Бабиќ и бекот Јотиќ.
Вечерва во преполниот анфитеатар на ФИКТ се одржа 55. по ред манифестација „Избор на најдобри спортисти на Битола за 2019 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.
Почитувани љубители на ракометот
Билетите за престојниот натпревар од СЕХА лигата помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Нексе кој се игра на 12 февруари во 20:15 часот ќе бидат пуштени во продажба денес 5 февруари 2020 година во 15:00 часот. Цената на билетот изнесува 150 денари и истите ќе може да се набават преку веб локацијата https://kartieurofarm.mk и на вообичаените продажни места:
Почитувани претставници на медиумите, ве покануваме на прес-конференција која ќе се одржи в понедекник на 11 февруари во 12:00 во прес салата на спортската сала „Боро Чурлевски“.
Еурофарм Пелистер загуби со 23-20 во првиот осминафинален натпревар од СЕХА лигата кој се одигра во Хрватска.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister