Повеќе...

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 30-26 (15-13)

Во битката за плеј-офот во ракометната Супер лига, Еурофарм Пелистер 2 загуби на гостувањето во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци од Тиквеш со 30-26. Два црни периоди, по еден во двете полувремиња, беа кобни за битолчани. Кога на почетокот на вториот дел израмнија на 15-15, се чинеше дека момците на Зарков имаат енергија за пресврт. Сепак, Тиквеш додаде „гас“ и стигна до победа од четири гола разлика

Повеќе...

Во пресрет на неделното дерби од македонската ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, двајцата претседатели на клубовите, Михајло Михајловски и Зоран Стерјев имаа состанок и издадоа заедничко соопштение кое можете да го прочитате во целост.

Повеќе...

Екипата на Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и како најдобра на турнирот во Битола се пласира на завршницата од Купот на Македонија. Пелистерци во маратонскиот ден во кој одиграа два натпревари успеаја да слават и над Тиквеш (36-30) предводен од некогашниот селектор Данило Брестовац.

Повеќе...

Ракометарите на Пролет го искористија домашниот терен, во салата „Македонско сонце“, да ја освојат групата 2, совладувајќи го Еурофарм Пелистер 2 во финалето, со 30-26. Екипата на Александар Зарков, мораше да игра два натпревари во еден ден и немаше свежина да го издржи притисокот на домаќините, кои својот полуфинален натпревар од четвртфиналната група го одиграа синоќа.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа убедлив натпревар и го победија Нексе Нашице со 27-23, во последниот натпревар од групната фаза на СЕХА лигата. Битолчани ја исполнија целта и со триумф од гола дојдоа до второто позиција во групата.

Повеќе...

Еурофарм Пелистер - Нексе Нашице 27-23 (14-11)

Во последниот натпревар од групната фаза во СЕХА – Газпром лигата, Еурофарм Пелистер го пречека Нексе во Битола и на крајот стигна до победа од 27-23 што му помогна да го обезбеди второто место во групата А.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723