Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 27-21 (10-10)
Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер го доби дербито против Вардар 1961 со 27-21 во првиот меч од вториот дел од сезоната во ракометната Суперлига.
Првиот дел беше крајно неизвесен, Вардар 1961 најчесто водеше, но Пелистер враќаше, на одморот се замина со нерешени 10-10. Во второто полувреме при водство на Вардар од 12-11, гостите застанаа, а Пелистер имаше свое шоу, направи серија од 8-1 и поведе со 19-14. До крајот на мечот битолскиот тим влезе во мирен и рутински финиш стигнувајќи до конечни 27-21.
Најдобар во победничкиот тим беше Филип Кузмановски со осум голови, додека Матија Николиќ постигна пет погодоци за Вардар.
Суперлига 2023/24
Плеј-оф - Прво коло
Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 27-21 (10-10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 4.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Делегати: Марјан Начевски и Ацо Николовски
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Цехте 4, Кузманоски 2, Тајник 7, Борзаш 2, Танкоски, Радивојевиќ 2, Кузмановски 8, Костески, Гедбан, Петровиќ, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев 1, Пешевски 1, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 10 минути
Вардар 1961: Томовски, Јагуриноски 3, Стоилов, Аларов, Георгиевски 2, Карапалески 1, Ансер, Бакар 1, Лазаревски 4, Срдановиќ 3, Николиќ 5, Петриќ, Ѓукиќ 1, Мело, Мишевски 1, Гогов
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути