Најголемото ракометно дерби на Македонија, меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар во салата „Боро Чурлевски“ тргна со минута молк.
Битолчани не го заборавија еден од основоположниците на ракометниот клуб Пелистер, легендарниот претседател Силјан Мицевски. Прославениот бизнисмен кој почина пред крајот на 2023 година сега доби достојно испраќање во битолската сала, пред полни трибини.
Под водство на Мицевски, Пелистер се промовира како големо име во ракометна Југославија, се бореше за титулата во тогаш најсилната лига на светот, првпат заигра и во Лигата на шампионите.