Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 службено го добија натпреварот против РК Аеродром со 0-10 во 1. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата.
Двата тима излегоа на теренот да се загреваат, но во тие моменти беше соопштено дека мечот нема да се одигра, а битолчани го добиваат службено.
Првиот домашен натпревар во плеј-аутот младите пелистерци го играат следниот викенд против Куманово.