Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварот од 11. коло на групата А на Лигата на шампионите на ЕХФ меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ. Дуелот на прваците на Македонија и Франција ќе го водат Чесите, Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни. Се работи за искусен судиски пар, кој високо котира во европските ракометни кулоари.
Делегат на натпревар ќе биде Емир Бешлија од Црна Гора.
Натпреварот Еурофарм Пелистер - ПСЖ се игра в среда на 14 февруари од 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.