Тиквеш – Еурофарм Пелистер 21-22 (10-11)
Екипата на Еурофарм Пелистер успеа да дојде до посакуваниот триумф над Тиквеш (22-21) во последниот меч од 7. коло во плејофот во Суперлигата.
Првото полувреме се заврши со 11-10 за Пелистер, борба која продолжи и по паузата се до самата завршница во која битолчани дојдоа и до плус три по што стана јасно дека бодовите ќе завршат кај актуелниот македонски вицешампион.
Пролет – Еурофарм Пелистер 2 25-26 (10-14)
Еурофарм Пелистер 2 забележи нова победа во ракометниот плеј-оф, на гостински терен славејќи против екипата на Пролет со минимални 25-26. Битолчани го контролираа резултатот во поголем дел од мечот и заслужено се радуваа на крајот, одмаздувајќи му се на тој начин на скопскиот клуб за поразот во финалето од групата во Купот на Македонија.
Еурофарм Пелистер – Охрид 32-24 (17-8)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер брзо го заборавија поразот од Вардар и тоа со убедлива партија против Охрид во денешната средба од 6. коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Еурофарм Пелистер 2 - Алкалоид 30-35 (10-15)
Најефикасниот ракометар на средбата доаѓа од домашниот табор, бидејќи Павле Петровиќ стрела осум пати. Во гостинскиот тим се истакнаа Мартин Серафимов и Божидар Илиевски со по седум гола, колку што дадо и Ристевски и Ивановски кај битолчани. Репрезентативецот Стојковиќ заработи директен црвен картон, заради груб прекршок врз Ивановски.
Почитувани љубители на ракометот
РК Еурофарм Пелистер се оградува од вчерашното однесување на дел од навивачите и со резигнираност гледа кон настаните кои се случуваа вчера во спортската сала Јане Сандански. За нас тоа е крајно неприфатливо, нецивилизирано однесувањето на дел од „навивачите“ и на двете екипи. Oстанува нејасно како беше возможно во салата да се внесат пиротехнички материјали и други тврди предмети и како беше возможно одредени индивидуи да влезат на терен со што беше доведен во опасност и животот на ракометарите но и на другите присутни во салата. Ние сметаме дека за такво однесување на спортските терени воопшто нема место. Според нас тоа се само мала група на индивидуи (не повеќе од 30-40 индивидуи) кои во тек на една сезона следат 4-5 натпревари (натпревари кои им се „предизвик) и генерираат проблеми.
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 31-24 (13-10)
Во одлична атмосфера и еден голем инцидент, Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во „Јане Сандански“ со 31-24 и изби сам на врвот на табелата во плеј-офот.
Филип Талески и Дејан Манасков со по седум голови беа најдобри во екипата на Вардар, додека Жарко Пешевски постигна пет гола за Пелистер.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 21, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister