Скопје – Еурофарм Пелистер 2 23-28 (12-14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го победија составот на Скопје со 23-28 (12-14) и го потврдија местото во суперлигашкиот плеј-оф, каде ќе играат трета сезона по ред. Младите битолчани се помачија со жилавниот домаќин и во вториот дел го скршија неговиот отпор. Кукуловски и Петар Атанасијевиќ во вториот дел ги разрешија дилемите и го спуштија домашниот тим, кој одигра достоинствен натпревар.
Со авионски лет од Солун за Дизелдорф, ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе заминат на четвртиот европски натпревар оваа сезона. Украински Мотор своите натпревари како домаќин ги игра во Германија и ќе го пречека македонскиот претставник во вторник од 18:45 часот.
Еурофарм Пелистер – Јуниор Кисела Вода 38-20 (19-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва беа подобри од Јуниор Кисела Вода со 38-20 за единаесетта победа во групата Б на македонската Суперлига. Избраниците на Ларс Валтер го засилија ритамот во второто полувреме, додека Јуниор продолжи со грешките во нападот, но и лошата одбрана, па така Пелистер запиша триумф од 38-20. Шанса добија сите ракометари, а мала минутажа имаше Танкоски, кој одигра шеесет минути против Фуксе Берлин. Заради повреда повторно не настапија Суси, Хосни и Велковски.
РК Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија, Павле Атанасијевиќ. 19-годишниот бек ја игра третата сезона во семејтвото Еурофарм Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер. Новиот договор е со важност до јуни 2026 година.
Еурофарм Пелистер го запиша вториот пораз во Европската лига, втор на домашен терен. Фуксе Берлин ја оправда фаворитската улога, од Битола си замина со убедлива победа од 34-43.
Еурофарм Пелистер - Фуксе Берлин 34-43 (14-22)
Еурофарм Пелистер претрпе втор пораз во групата на Лига Европа на ЕХФ, откако македонскиот вицепрвак загуби на домашен терен од Фуксе Берлин со убедливи 34-43. Битолчани играа сериозно ослабени поради неиграњето на Хосни и Суси, а проблем повеќе за тренерот Валтер е повредата што во второто полувреме ја заработи Руди Сери.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 19, 2024 by RK Eurofarm Pelister