Од натпреврарите до крајот на сезоната, овој денеска против Тиквеш требаше да биде претпоследна голема закана за Еурофарм Пелистер, но ракометарите на домашниот тим запишаа убедлива победа и покажаа дека се цврсто решени да ја одбранат титулата.
Еурофарм Пелистер диктираше уште во првото полувреме и на пауза замина со предност од 18:14, но во вторите 40 минути разликата почна да расте и истата стана двоцифрена. Фаворитот на крајот славеше со 35-25 и запиша уште една важна победа во Суперлигата, па сега е чекор поблиску до титулата која сите ја посакуваат. Најефикасен играч на натпреварот беше Богдан Радивојевиќ кој даде седум гола, а кај гостите се истакна Срѓан Мијатовиќ со пет.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф
12. коло:
Еурофарм Пелистер - Тиквеш 35-25 (18-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 1.500
Судии: Ненад Николоски и Исмаил Металари
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Д. Манасков 1, Цехте 4, Кузманоски 1, Тајник 2, Борзаш 1, Танкоски, Радивојевиќ 7, Кузмановски 4, Пеетровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 2, Васиљев 5, Пешевски 4, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 8 минути
Тиквеш:
Гемаљевиќ, Велков, Анастасовски 3, Мијатовиќ 5, Темелковски 1, Соколов, Стефановиќ 2, Гачевиќ 3, Лазов, М. Манасков 2, Окардов, Шулески 1, Коцев 2, Симиќ 2, Мајиќ 4, Даневски
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Во следното 13. колом на 26 мај, Еурофарм Пелистер гостува кај Струга.