Денес се одржа ждрепката за полуфиналињата во ракометниот Куп на Македониа во просториите на Федерацијата, а како што можеше да се очекува, Ф4 фазата ќе донесе возбудливи пресметки.
Еурофарм Пелистер во полуфиналето ќе се сретне со Тиквеш, а во случај на победа го чека финале против поуспешниот од дуелот меѓу Вардар 1961 и Алкалоид.
Завршниот турнир во македонскиот Куп е на програмата од 17 до 19 мај, а натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.