РК Еурофарм Пелистер е изненаден од неочекуваната промена на термините на полуфиналните натпревари од завршницата на Купот на Македонија во ракомет. За првпат во повеќе од три децении завршница на Купот на Македонија во ракомет се случува промена на веќе регуларно извлечени термини за одигрување на натпревар (извлекувањето беше јавно). Со ваквата одлука се нарушува регуларноста на натпреварувањето и се прави непријатен исклучок каков што не е регистриран никаде во светот кога е овој тип на натпревари во прашање.
Со оваа одлука јавно прашуваме дали се навестува нерегуларна завршница или некоја екипа мора да го освои Купот на Македонија?
Нашето незадоволство го објавуваме јавно, бидејќи од претходните искуства научивме дека на писмено доставените прашања до Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) не добиваме никаков одговор.