Селекторот на машката ракометна селекција Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за бараж натпреварот против селекцијата на Фарски Острови за пласман на следното Светско првенствo. Од таборот на Еурофарм Пелистер повикани се: Марко Кизиќ, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Цветан Кузманоски, Петар и Павле Атанасијевиќ, Марио Танкоски, Емилијан Ѓорговски.
Машката сениорска селекција првиот натпревар од баражот ќе го оддигра на гостински терен на 8 мај со почеток во 20:00 часот , а ревашот е закажан за 12 мај во СЦ „Борис Трајковски” со почеток во 19:00 часот.