Екипата на Еурофарм Пелистер 2 направи голем чекор напред кон опстанокот во суперлигашкото друштво со домашна победа над Мулти Есенс (29-21) во важен дуел кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, Уште од стартот на мечот домашната екипа наметна свое темпо и гостинот од Скопје цело време беше во негатива. Беше 4-0 на почетокот од дуелот во Битола, потоа и 10-6, висок плус кој остана и до полувремето (15-10).
Во вториот дел избраниците на Васко Димитровски константно ја држеа разликата и не му дозволија на младиот тим на Мулти Есенс да се врати во дуелот. Најблсику што гостинот беше до пелистерци на оваа средба беше четири гола.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-аут - 11. коло:
Еурофарм Пелистер 2 - Мулти Есенс 30-21 (15-10)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Маркоски 3, Талевски 4, Младенов, Печурица, Трпчевски, Димитровски 3, Калајџиоски, Гичев, Ивановски 2, Белистојановски 3, Југовски 1, Мијушковиќ 4, Хаџиќ 10
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути
Мулти Есенс:
Ерманоски, Димевски 6, Костовски 2, Илиески 3, Насевски, Д. Узунчев 5, Петрески 1, Трајчев, Мирчевски, Трајковски, Иваноски 4, Јорданов, Тодески, Т. Узунчев, Стојчевиќ, Каракалашев
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути
Во следното 12. коло, веќе на средина од минатата недела Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Скопје.