Со уште едно убедливо издание Еурофарм Пелистер 2 се доближи до перфектна лига со сите победи во регуларниот тек и плеј-офот. Избраниците на Александар Зарков како на тренинг го прегазија тимот на Вардар Неготино на гостински терен. Победата од 21 разлика покажува дека дуелот беше нерамноправен. Шанса добија сите ракометари, а најефикасни беа Белистојановски и туниското засилување Мохамед Азис.
Еурофарм Пелистер ќе се сретне со домаќинот Охрид во второто полуфинале на Купот на Македонија во ракомет. Тоа е епилогот на денешната ждрепка во просториите на Ракометната федерација на Македонија.
Пионерскиот тим на Охрид се државни прваци, откако во финалето го совлада Еурофарм Пелистер 2 со конечни 21-12 (10-6). Охриѓани беа најдобри на турнирот што се одржа во Битола, а овој тим го даде и најкорисниот играч (МВП) - Илија Трајчески, кој постигна вкупно деветнаесет погодоци.
Нашето ракометно семејство е побогато за уште еден млад член. Еден од најталентираните туниски ракометари, Мохамед Азис Бен Мафуд, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за лев бек, висок 195 сантиметри и тежок 95 килограми. Мафуд има 21 година и доаѓа во Македонија од Клуб Американ од Тунис. Последната сезона ја мина на позајмица во Грмда.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над ГРК Охрид од 34-30 во натпреварот од седмото коло од плеј-офот во Суперлигата.
„Зелено-белите“ го одбранија домашниот терен во салата „Боро Чурлевски“ и ја продолжуваат борбата со Вардар за титулата во домашниот шампионат.
Продолжува нашата тенденција шампионите да продолжат да го носат нашиот дрес и во иднина. Ни претставува особено задоволство што постигнавме договор за продопжување на соработката со Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на нашиот млад тим. Неговата сезона, неговите настапи и победничкиот ген уште еднаш ни потврдуваат дека направивме вистински потег што го доведовме минатото лето.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јули 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister