Еурофарм Пелистер го совлада Динамо Букурешт со 25-24 и остана во трка за осминафинале на Лигата на шампионите.
По натпреварот тренерот на домашните Раул Алонсо тој им честита на играчите, а потенцира дека секој играч во колективот е важен за овој успех. Воедно, истакна дека е задоволен од борбата и на начинот на кој се победило.
Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25-24 (12-13). Шампионот на Македонија во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк.
Легендарниот Анте Костелиќ денес беше во посета на спортската сала ,,Боро Чурлевски”, каде дојде да се потсети на сите моменти поминати во неа, а воедно ги посети и ракометарите, на кои им посака среќа за утрешниот натпревар.
Еурофарм Пелистер е пред првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите во 2025 година. Тренерот Раул Алонсо во пресрет на дуелот од европската елита против Динамо Букурешт истакна дека моментално во мислите им е само натпреварот со романскиот шампион, за кого зборуваше со суперлативи.
Процесот на доведување млади македонските ракометари во нашите редови продолжува. Давид Брестовац е нов член на Еурофарм Пелистер и се обрвза на две ипол годишен договор со нашиот клуб. Се работи за 20-годишен голман, кој доаѓа од ракометно семејство, и веќе има меѓународно искуство. Бранејќи за Котбус и Волф Вирцбург, Брестовац стекна драгоцени минути во нозете. Тој се наметна и носејќи го дресот на македонската младинска репрезентација, со која настапи и на големи натпреварувања.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над ГРК Охрид од 25-27. во возбудлив дуел кој се одигра во салата „Билјанини извори“.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister